• Избор на кориснички профили
Со дефинирање различни кориснички профили за секој краен корисник на мобилен телефон во фирмата може да ги избегнете неочекуваните трошоци. Може да дефинирате профили врз основа на деловните потреби на секој од вработените и, по потреба, може да ги менувате преку интернет алатката за самостојна администрација.
За секоја SIM-картичка може да одберете еден од наведените профили:
Редовен - без никакви ограничувања, каде сите услуги се дозволени. Овој профил се препорачува за лицата на кои им треба целосен пристап до сите комуникациски услуги во секое време.
Локален - со поставување дозволи и ограничувања може да подготвите до 9 различни локални профили според Вашите потреби.
Интерен - дозволени се повици само во рамки на фирмата, сите други се ограничени.
• Скратени повикувачки броеви
Со Vip VPN бирањето во мрежата е полесно и побрзо со опцијата за брзо бирање преку скратен повикувачки број. За да добиете било кој од Вашите вработени, членови на VPN мрежата нема да има потреба да го бирате нивниот цел телефонски број (пр 077 777 000), туку истото можете да го сторите и преку бирање на само однапред зададен број за брзо бирање (пр 7000).
За секој корисник може да зададете различни броеви за брзо бирање или да ги зададете истите броеви од локалите на фиксните телефони. За сите останати претплатници надвор од VPN мрежата ништо нема да се промени. Лицето кое сака да Ве добие, тоа ќе го направи со бирање на Вашиот целосен број исто како до сега (пр 077 777 000).
Со функционалноста за скратено бирање, ја поедноставувате и зголемувате брзината на комуникација во Вашата компанија.
• Автоматска поделба на службените и приватните повици
Со Vip VPN можна е целосна контрола на трошоците за мобилни комуникации. VPN овозможува лесно да ги разликувате службените и приватните повици на вработените бидејќи приватните повици се прикажани во различен дел од сметката или пак се наплаќаат на посебна месечна сметка, по Ваш избор.
Со автоматската поделба на службените и приватните повици, постигнувате дополнителни заштеди на компаниските комуникациски трошоци како и заштеда во времето поминато на проверка и поделба на дестинации кои Вашите вработени ги имаат бирано во текот на целиот месец.
• Издавање на посебни сметки
Јасната и организирана сметка е мошне важна за да имате контрола на трошоците и користењето. Затоа Вашата сметка ќе содржи преглед на сите трошоци на Vip VPN корисниците, поделени по одделенија или подружници, вид на трошоци, но и со детални податоци за секој поединечен корисник. Сите информации за трошоците можете да ги добиете на иста или пак засебни сметки по Ваша желба и тоа за секој вработен, одделение, подружница. Податоците на самите сметки се прикажани на начин, така што лесно и брзо може да ги разгледате и разберете.
• Самостојна администрација 24/7
Vip VPN мрежата може да ја организирате и самите, и тоа според посебните потреби на Вашата фирма. Планирајте ги и менувајте ги ограничувањата на повици за вработените, прилагодете го планот на броеви кој одговара на Вашата организација преку назначување на броеви за брзо бирање и уживајте во лесната самостојна администрација на Vip VPN преку интернет-алатката за самостојна администрација. Преку алатката за самостојна администрација лесно може да доделите или промените кој било од профилите на Вашите вработени како и да активирате дополнителни услуги за секоја SIM-картичка. Сето тоа може да го направите од удобноста на Вашата канцеларија преку Интернет пристап до вашиот VPN.
Нашата Служба за поддршка на клиенти во секое време ќе Ви помогне да го одберете вистинскиот профил и да направите дополнителни промени по Ваша желба.
• Опции за бесплатни разговори
Бесплатни повици меѓу сите вработени во Vip VPN мрежата, без разлика дали се распоредени во седиштето, продавниците или на терен низ цела Македонија. Тоа е само една од трошковните предности што ги добивате со нашата Vip VPN услуга.
Единствено со Vip VPN - можете и да одберете една или повеќе уникатни опции за бесплатни повици до секоја национална мрежа по Ваша желба.
Сите опции за бесплатни разговори може да се комбинираат според Вашите потреби и деловните потреби на секој од Вашите вработени притоа овозможувајќи максимални заштеди и можност за целосно предвидување на месечните комуникациски трошоци.
Телефони Разни модели