Потполна контрола на трошоците

• VPN буџет

Одбирајќи го VPN за комуникациско решение за Вашата компанија го направивте првиот чекор кон намалувањето на трошоците. Веројатно се има случено месечните сметки кои ги добивате да се едноставно превисоки. За да избегнете понатаму било какво проверување на сметките и повиците и полесно да ги контролирате трошоците за користење на мобилните телефони на своите вработени, користете го VPN буџетот.

Користењето на VPN буџетот е едноставно. Единствено што треба Вие да направите е само да го одредите максималниот нето износ кој вработениот може да го потроши на повици и други услуги во текот на еден месец. Со одредување на VPN буџет се што вработениот потроши над одредениот буџет, ќе му биде пресметано и наплатено на неговата приватна сметка.

Не постои минимален износ на износот на буџетот кој го одредувате за секој од вработените, а во износот на буџетот не се пресметани и вклучени сумите на месечни претплати како и еднократните трошоци.

Со VPN буџетот контролирајте ги комуникациските трошоците на Вашата компанија на наједноставен начин и заштедете драгоцено време и пари.


• Бела и Црна листа на повици

Покрај VPN буџетот, Vip VPN Ви ги нуди функционалностите за доделување на бела и црна листа на броеви кои можете да ги доделите на Вашите службени броеви.

Со одредување на бела листа можете да дозволите повикување на одреден број, префикс или пак цела национална или интернационална дестинација на еден или повеќе од Вашите службени броеви.

Црната листа пак, преставува забрана за повикување на одреден број, префикс или пак национална или интернационална дестинација каде што секој повик кон овие броеви ќе биде или наплатен на приватна сметка на повикувачот, на посебен дел од заедничката компаниска сметка или пак тотално оневозможен по Ваша желба. Доколку одредите овие броеви да не можат воопшто да бидат повикувани од некој од Вашите службени телефони, секој обид за повикување на овие броеви од црната листа ќе биде пренасочен кон говорниот апарат со соодветно известување за забранет повик.

Имате на располагање до 15 броја, префикса или пак национални или интернационални дестинации кои можете да ги ставите во бела и црна листа за повикување.


AddThis

Преведи

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

Анкета

Која придобивка ви е најважна при избор на нови линии за вашата компанија?